Несторовски им три понуди да остане во Италија, ама и најконкретна за преселба на – Кипар
Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски можно е да ја напушти Италија после седум години откако во летото 2016 година дојде од хрватски Интер Запрешиќ, зашто моментно има најконкретна понуда од кипарскиот гигант АПОЕЛ Никозија.
Италијански медиуми кои во изминативе денови објавуваа дека неговиот екс-клуб Палермо, како и Венеција, два бивши калчолигаши се пак загреани за да го ангажираат, во моментов прилепчанецот на маса има понуда од три италијански клубови и една многу конкретна од Кипар.
Третиот италијански клуб е Пиза, додека АПОЕЛ има желба да донесе искусен центарфор, но сѐ останува на Несторовски да реши каде сака да ја продолжи кариерата, зашто веќе извесна е неговата разделба со Удинезе по четири сезони соработка. Сезонава, Несторовски даде два гола и имаше две асистенции во 21 меч за црно-белите.
Привлечноста на понудата на Кипар е можноста Несторовски да игра и европски мечеви, а во АПОЕЛ своевремено голем белег оставија два бивши македонски репрезентативци, Бобан Грнчаров и Иван Тричковски, кој играше и четвртфинале на ЛШ со гигантот од Никозија, а потоа стана легенда на АЕК Ларнака откако се врати на Кипар.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…
НАТО се откажа од одржувањето на самитот…
Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…
Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…
Во просториите на Општина Тетово се одржа…
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…