Нетанјаху: Војната не е завршена!
Војната не е завршена и Хамас ќе биде разоружан, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред израелскиот парламент.
„Оние кои сакаат да ни наштетат повторно се вооружуваат. Тие не се откажале од својата цел да нè уништат. Хамас ќе биде разоружан. Газа ќе биде демилитаризирана. Тоа ќе се случи или на лесен или на тежок начин. Но, тоа ќе се случи“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер оцени дека Израел се приближува од кога било до земјите во регионот и додаде дека јавноста ќе слушне повеќе за тоа.
„Израел е решен да ги спроведе договорите за прекин на огнот во Газа и Либан со железна тупаница. Можете да видите што се случува секој ден во Либан“, рече тој.
Нетанјаху изјави дека воениот притисок врз Хамас и операцијата на израелските одбранбени сили во градот Газа, заедно со дипломатскиот притисок од САД за изолирање на Хамас, им овозможија на сите живи заложници и на огромното мнозинство од паднатите заложници да се вратат дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…