Објавено на:

Нетанјаху го брани Маск за поздравот кој предизвика реакции: „Илон е голем пријател на Израел“

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска застана во одбрана на Илон Маск, откако тој беше обвинет дека упатил нацистички поздрав претходно оваа недела на денот на инаугурацијата на Трамп.

„Илон Маск е неправедно обвинет“, напиша Нетанјаху на платформата на Маск.

„Илон е голем пријател на Израел. Тој го посети Израел по масакрот на 7 октомври, кога терористите на Хамас го извршија најлошото злосторство врз еврејскиот народ по холокаустот. Потоа, тој постојано и силно го поддржуваше правото на Израел да се брани од геноцидни терористи и режими кои се обидуваат да ја уништат единствената еврејска држава“, додаде Нетанјаху, кој ја предводи израелската десничарска влада.

Маск побрза да му се заблагодари на израелскиот премиер за неговата поддршка.

Извршниот директор на Tesla и SpaceX во понеделникот предизвика жестока полемика кога ја крена десната рака во воздух за време на митингот по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Гестот наликуваше на римскиот поздрав, кој го користеа европските фашисти во првата половина на 20 век, вклучувајќи го нацистичкиот водач Адолф Хитлер и италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху и Трамп разговарале за плановите на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со американскиот…

Нетанјаху најави војна до целосно уништување на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција изјави…

Трамп без јасен став за анексијата на…

Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…

Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…

Пред претстојниот состанок на Советот за национална…

Вашингтон Пост: Нетанјаху го штитеше Xамаc

Израелскиот премиер го запре секој обид за…