Објавено на:

Нетанјаху до Бајден: Полоши се од ИСИС, палеа деца, ова не е видено од холокаустот

t

Кабинетот на премиерот на ИЗраел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека тој му рекол на американскиот претседател Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор дека дивјаштвото забележано за време на нападот на Хамас врз израелските цивили е најлошото од масовните трагедии на Холокаустот.

Во вторникот, Нетанјаху разговараше со Бајден по трет пат по избувнувањето на војната во саботата. Израелскиот премиер му рекол на американскиот лидер: „Никогаш не сме виделе такво дивјаштво во историјата на земјата“, ниту „од Холокаустот“.

„Зедоа десетици деца, ги врзаа, ги запалија и ги егзекутираа. Им ги исекоа главите на војниците, го исекоа оној младинец што дојде на фестивалот“

„Тие се уште полоши од ИСИС и ние мораме да ги третираме како такви“, рече Нетанјаху, порака што ја користеа бројни израелски министерства и многу застапници на Израел, како и самиот Бајден.

Премиерот му се заблагодари на Бајден за целосната поддршка и му порача дека воената кампања на Израел ќе биде долгорочна.

Во емотивното обраќање во живо до својата нација, кратко по разговорот со Нетанјаху, Бајден вети дека ќе се погрижи еврејската држава да има се што е потребно за да одговори на шокантниот напад од викендот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…