Нетанјаху: Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел, Иран никогаш не бил послаб
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Ерусалим „засекогаш“ ќе остане под контрола на Израел, нагласувајќи дека државата Израел е „посилна од кога било“, додека истовремено „режимот во Иран е послаб од кога било“.
„Ќе продолжиме со борбата против сите закани на радикалниот ислам“, изјави Нетанјаху на церемонијата по повод Денот на Ерусалим, празник во Израел.
Според него, доколку Израел не ја започнел војната против Иран во јуни минатата година и во февруари оваа година, „Иран денес би имал нуклеарна бомба“.
„Нашите непријатели сакаат да нè уништат без исклучок. Но тие имаат уште една цел: да нè истераат од Ерусалим. Нивниот слоган ‘Патот кон Ерусалим’ го изразува нивниот злонамерен план да нè протераат од срцето на еврејската нација. Ние нема да го дозволиме тоа. Само Ерусалим под израелска власт е навистина слободен град за сите религии и народи“, изјави израелскиот премиер.
Нетанјаху исто така тврди дека Израел постигнал успеси во борбата против Хамас и Хезболах, како и против Иран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…