Нетанјаху е одговорен што не го спречил нападот на Хамас, сметаат повеќето Израелци

t

Повеќето Израелци веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е одговорен за неуспехот да спречи напад на Хамас. Тоа се резултати од анкета на јавното мислење објавени денеска.

Осумдесет отсто од Израелците веруваат дека Нетанјаху треба да ја преземе одговорноста за безбедносните пропусти откриени со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, според истражувањето на Маарив.

Началникот на Генералштабот на армијата, шефот на военото разузнавање и шефот на разузнавачката служба Шин Бет признаа дека нивните служби не успеале да го спречат нападот, во кој загинаа околу 1.400 Израелци во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на Израел.

Дури и меѓу гласачите во владејачката партија Ликуд на Нетанјаху, 69 отсто веруваат дека тој треба да преземе одговорност за она што се случи.

Премиерот е далеку зад поранешниот министер за одбрана Бени Ганц, шеф на опозициската центристичка партија, која и се приклучи на владата на национално единство минатата недела.

Четириесет и осум отсто од анкетираните сметаат дека Ганц би бил подобар премиер, во споредба со 28 отсто за Нетанјаху.

Анкетата покажува и дека 65 отсто од Израелците ја поддржуваат очекуваната копнена операција на израелските војници во Газа. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…

Пожарот кај Студеничани се шири – Во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…