Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во Рафа ќе се случи тоа што е неопходно
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок со официјални претставници задолжени за безбедноста рече дека „Израел не е вазална држава“, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел дека голем напад врз милионскиот палестински град Рафа, каде бегалците се засолниле од израелскиот напад врз Појасот Газа, би значело дека „црвената линија е премината“.
На средбата, лидерот на Израел го спореди своето несогласување со Бајден за Рафа со несогласувањето на поранешниот израелски премиер Дејвид Бен Гурион, кој прогласи независност на Израел во 1948 година и покрај противењето на тогашниот американски државен секретар Џорџ Маршал, објави американскиот информативен портал „Аксиос“.
Нетанјаху им порача на членовите на неговиот кабинет дека секогаш знаел да се спротивстави на притисокот од Вашингтон и дека тоа ќе го направи повторно доколку е потребно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…
Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…
Израел го затвора британскиот конзулат во Источен…
Израел денеска соопшти дека ќе го затвори…
Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…
Израелската армија ја нападна и уништи болницата…