Нетанјаху: Израел се пресмета со Синвар, но војната не е завршена

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска, по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, дека војната на Блискиот Исток се уште не е завршена и дека палестинската милитантна група нема да остане на власт во Појасот Газа.

„Граѓани на Израел, Јахја Синвар е мртов. Одговорен за најголемиот масакр на Евреите по Холокаустот, главниот терорист кој уби илјадници Израелци и киднапираше стотици граѓани беше убиен од нашите херојски војници. Сметката е платена“, рече Нетанјаху.

Тој ги предупреди членовите на палестинскиот Хамас дека нивните водачи „ќе бидат елиминирани“, додавајќи дека на секој милитант што ќе ги ослободи заложниците и ќе го положи оружјето ќе му биде дозволено „да оди и да продолжи да живее“. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…