Нетанјаху: Израел ќе ги отфрли „наредбите“ за мировен договор
Бенјамин Нетанјаху рече дека „Израел директно ги отфрла меѓународните наредби“ и дека мировниот договор ќе биде постигнат само „преку директни преговори“ меѓу Израел и Хамас.
Коментарите на Нетанјаху уследија по разговорот со Џо Бајден, втор за помалку од една недела, во кои американскиот претседател го повтори своето предупредување дека Израел не треба да продолжи со својот напад врз Рафа без веродостоен план за обезбедување на безбедноста на палестинските цивили.
Бајден и Нетанјаху разговараа и за преговорите кои се водат за ослободување на заложниците, а Бајден вети дека ќе продолжи да работи деноноќно за да помогне во ослободувањето на луѓето кои се во заробеништво на Хамас 132 дена, соопшти Белата куќа.
Бајден претходно овој месец изјави дека операцијата на Израел против Хамас во Газа е „прекумерна“ и изрази голема загриженост за зголемениот број цивилни жртви во палестинската енклава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…