Нетанјаху: Израел ќе ги постигне сите цели во војната во Газа
Израел ќе ги постигне сите свои цели во војната во Газа, изјави денес премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Зборувајќи на државна церемонија за војниците убиени во двегодишниот конфликт со милитантната група Хамас, Нетанјаху рече дека непријателите на Израел научиле дека секој што ќе крене рака врз земјата ќе плати висока цена, објави Ројтерс.
Официјалната државна церемонија за израелските војници убиени во војната во Газа и за време на нападот на палестинското милитантно движење Хамас врз јужен Израел во октомври 2023 година, се одржува на воените гробишта Херцл во Ерусалим, а на неа ќе присуствуваат израелскиот претседател Исак Херцог, раководители на безбедносните агенции и други високи функционери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…