Објавено на:

Нетанјаху: Можеме да ги бомбардираме, можеме да ги изгладнеме

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел може да ја бомбардира Газа „како што Сојузниците го бомбардираа Дрезден“ во Втората светска војна, но дека тоа не го прави затоа што, како што тврди, е фокусиран исклучиво на борба против терористите.

„Можеме да ги бомбардираме како што Сојузниците го бомбардираа Дрезден во Втората светска војна, можеме да ги изгладнеме ако ги следиме клеветите, овие лаги што се шират против Израел, и никој нема да биде жив“, рече Нетанјаху за време на интервју за американската мрежа Newsmax кога беше прашан зошто Израел не ги „збрише“ Хамас и Газа од картата“.

Тој додаде дека Израел, и покрај критиките, се обидува да го премести населението, да ги одвои цивилите од терористите и да ги таргетира само милитантите.

Сепак, податоците од Еврејскиот универзитет во Ерусалим покажуваат дека од октомври 2023 година, повеќе од 89 проценти од зградите во Рафа и 84 проценти во северна Газа биле уништени.

Според палестински извори, најмалку 61.722 лица се убиени, а 154.525 повредени во израелските напади до август оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…