Нетанјаху: „Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен, подготвени сме за секакво сценарио”
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во источен Ерусалим, од кои еден уби седум лица во близина на синагога.
„Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. „Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио.
Во петокoт, 21-годишен Палестинец пукал во случајни минувачи во близина на синагога во населбата Неве Јацов, убивајќи седум лица, а потоа се самоубил. Во саботата наутро, 13-годишен Палестинец застрела и рани двајца Израелци во Силван, во близина на ѕидините на Стариот град.
Ова ново насилство во источен Ерусалим, дел од градот окупиран и припоен од Израел, доаѓа во време на остра ескалација по смртта на девет Палестинци во четвртокот во операцијата на израелската армија во Џенин, на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел во 1967 година.
Израелските сили се во состојба на готовност, а војската соопшти дека го зголемува бројот на луѓе на Западниот Брег поради повиците за воздржаност од странство.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во понеделник и вторник треба да пристигне во Ерусалим и Рамала, каде што ќе разговара за мерките за деескалација.
Нетанјаху, претставник на израелската десница, се врати на власт кон крајот на декември со поддршка на екстремно десничарските и еврејските ултраортодоксни партии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…