Објавено на:

Нетанјаху: Нема да успееме да ги ослободиме заложниците без воен притисок

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да може да ги ослободи преостанатите заложници во Газа без воен притисок.

-До сега немаше да успееме да ослободиме повеќе од 100 заложници без воен притисок. И нема да можеме да ги ослободиме сите заложници без воен притисок, изјави Нетанјаху пред израелскиот парламент.

Договорот, кој го склучија САД, Катар и Египет на крајот на ноември, овозможи ослободување на повеќе од 100 од вкупно 240 заложници кои беа заробени во Газа од нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври.

-Воен притисок, оперативен притисок и политички притисок… Значи, има една работа што нема да направиме – нема да престанеме да се бориме, рече Нетанјаху.

Во салата седеа членови на семејството на заложниците. Тие држеле плакати на нивните роднини зад плексиглас и повремено го прекинувале израелскиот премиер.

-Сега! Сега! Сега!, извикувале членовите на семејството.

Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад денеска го отфрлија египетскиот предлог да се откаже од контролата врз Појасот Газа во замена за траен прекин на огнот, изјавија два египетски безбедносни извори.

Израелските сили по грешка убиле тројца израелски заложници во Газа претходно овој месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…