Нетанјаху: Нема примирје во Газа без ослободување на заложниците
Во кратката телевизиска изјава израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека на средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, нагласил оти отфрла каков било привремен прекин на борбата против Хамас што не вклучува ослободување на израелските заложници.
Тој, исто така, посочи дека Израел „нема да дозволи влез на гориво во Газа“.
Нетанјаху даде ветување дека победата ќе биде „остра и јасна“ и „ќе одекнува со генерации“.
Израелскиот премиер ги предупреди „непријателите на Израел на север“ да не ја прават скапата грешка со ескалација на војната.
– Не можете да замислите колку ќе ве чини тоа, истакна Нетанјаху. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…