Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“
Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде историски скок кон мирот на Блиски Исток, објави денеска премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на платформата Икс.
Но, тој не го спомена договорот за цивилна нуклеарна енергија помеѓу САД и Саудиска Арабија, што беше објавен вчера.
Претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека договорот помеѓу САД и Саудиска Арабија за цивилна нуклеарна програма ќе биде одобрен само доколку Ријад ги нормализира односите со Израел преку приклучување кон Аврамски договори.
– Договорот за цивилна нуклеарна соработка (кој не подразбира збогатување на материјали), што се склучува меѓу Министерството за енергетика на САД и Саудиска Арабија и се однесува исклучиво на мирољубива употреба – како што веќе имаат Иран, Обединетите Арапски Емирати и други земји – ќе биде одобрен, но неговото усвојување е целосно условено со тоа Саудиска Арабија да им се приклучи на високо ценетите и успешни Аврамови договори, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Аврамските договори претставуваат пакет договори постигнати со посредство на САД, со кои беа нормализирани дипломатските, економските и безбедносните односи помеѓу Израел и неколку арапски и муслимански земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски: ЕУ останува стратешка определба, ставот…
Премиерот Мицкоски на денешната заедничка прес-конференција со…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
„Фемицидот мора да се спречи пред да…
Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…
Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…
Претставници на Студентската листа, која победи на…
Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…
Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…