Објавено на:

Нетанјаху пристигна во САД, ќе разговара со Рубио и Виткоф пред средбата со Трамп

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху слета утрово во воената база Ендрус во близина на Вашингтон, пред денешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој треба да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф подоцна денес, пред средбата со Трамп, која е планирана за понеделник вечер по локално време, објавува „Тајмс оф Израел“.

Летот на израелскиот премиер за Вашингтон беше одложен, а израелските медиуми вчера објавија дека причината за ова е криза во неговата коалиција, бидејќи ултраортодоксните членови на неговата влада бараат ажуриран нацрт на контроверзниот закон со кој се регулира воената обврска на студентите на јешива – академија за напредно изучување на еврејски текстови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…