Објавено на:

Нетанјаху: Продолжуваме да го напаѓаме тероризмот на неколку фронтови

t

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, отворајќи го неделниот состанок на кабинетот, вети дека ќе продолжи да реагира на прекршувањата на примирјето во Газа и Либан.

Состанокот беше одржан неколку часа пред Израел да го убие вториот лидер на Хезболах во воздушен напад во Бејрут.

„Продолжуваме да го напаѓаме тероризмот на неколку фронтови“, рече Нетанјаху на почетокот на дискусијата. „Овој викенд, Израелските одбранбени сили нападнаа во Либан и ќе продолжиме да правиме сè што е потребно за да го спречиме Хезболах повторно да го воспостави својот капацитет да ни се заканува.“ Нетанјаху додаде дека Израел спроведува слична стратегија во Појасот Газа:

„Од прекинот на огнот, Хамас не престана да го крши и ние дејствуваме соодветно“, рече тој. Израел изврши воздушни напади во Газа во саботата откако вооружен Палестинец отвори оган врз израелските трупи на југот на Појасот. Според канцеларијата на Нетанјаху, пет високи функционери на Хамас беа убиени во нападите.

Нетанјаху, исто така, ги отфрли критиките дека критичните одлуки за Газа се донесуваат преку Вашингтон. „Сите муабети дека „мора да добиеме одобрение“ од оваа или онаа партија се едноставно целосна лага. Ние дејствуваме без да се потпираме на никого“, рече тој.

„Израел е одговорен за сопствената безбедност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…

Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…

Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…

Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…

Рекордна излезност на изборите во Израел: До…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…