Објавено на:

Нетанјаху се закани со проширување на воената операција во Појасот Газа: Вчера загинаа 20 Палестинци

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е можно проширување на актуелната воена операција врз Појасот Газа, откако палестинските екстремисти истрелаа десетици ракети врз јужниот дел на Израел.

Ракетирањето е одговор на вчерашните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, при што загинаа 20 Палестинци, меѓу кои и тројца команданти на Исламски џихад и најмалку девет цивили.

Сирените за тревога се огласија не само во јужен Израел туку и на подрачјето на Тел Авив, на оддалеченост од 80 километри. Израелските телевизии емитуваа снимки на кои се гледа како системите за противракетна одбрана ги пресретнуваат проектилите над Тел Авив.

Според неименуван израелски претставник во правец на Израел биле истрелани околу 350 ракети и гранати во рок од неколку часа. Но, околу 150 проектили паднале во Појасот Газа или во Средоземно море.

Израелската армија тврди дека авиони и хеликоптери денеска за неколку часа погодиле околу 40 ракетни фрлачи и минофрлачи на Исламски џихад.

Исламски џихад е втората највлијателна вооружена група во Појасот Газа по исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира енклавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…