Објавено на:

Нетанјаху се откажа, Израелците не: Продолжуваат масовните протести против “законот за диктатура”

t

Една од главните лидерки на движењето за протести, докторот по физика Шикма Бреслер синоќа изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите колеги се одлучни да продолжат со усвојувањето на „законот за диктатура“ на следната седница на Парламентот (Кнесетот) за еден месец.

„Изјавите на премиерот и неговите екстремистички партнери се знак за нивната намера да ги донесат законите за диктатурата на маса на следната парламентарна седница, нанесувајќи им штета на економијата и безбедноста на земјата“, рече Бреслер по најавата на Нетанјаху дека спроведувањето на планот за судски реформи ќе биде одложен по масовните протести низ Израел.

Бреслер најави дека демонстрантите ќе бидат на улица „се додека донесувањето на законот продолжува и не биде запрено“, оценувајќи дека планот не е целосно отпишан, а најавата на Нетанјаху ја нарече „само обид за ослабување на протестите во намерата да воведе своја диктатура“.

И разни други групи најавија дека ќе продолжат со протестите.

Тие велат дека на Нетанјаху не може да му се верува и им покажал дека не можат да се потпрат на него, пренесоа израелските медиуми.

„Затоа протестите продолжуваат се додека тој само зборува и не дејствува. Протестите ќе престанат кога ќе утврдиме дека донесувањето на законот е целосно стопирано, рекоа организаторите, но потенцираа дека поддржуваат да се постигне широк договор за реформи во правосудството преку дијалог.

За утре се најавени таканаречени фокусирани протести низ државата и пред становите на министрите и така до крајот на неделата.

Во сабота навечер ќе има нов бран големи протести во Тел Авив и низ Израел и така ќе се продолжи во догледна иднина додека не дојде до вистинска промена, најавија противниците на реформата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Израел ги повикува амбасадорите и испраќа „силна…

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…