Нетанјаху: Хамас мора да биде уништен, Хезболах ќе зажали ако се вклучи во војната

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го спореди нападот на Хамас на 7 октомври со холокаустот.

„Како и во Втората светска војна, кога Французите го поддржаа антинацистичкиот отпор, денес меѓународната заедница се обединува во поддршка на Израел“, рече тој на прес-конференција по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.
„Варварството на Хамас им се заканува на Евреите, се заканува на Блискиот Исток, се заканува на Европа, се заканува на светот“, рече Нетанјаху, нарекувајќи ја Газа „енклава на ИСИС“.

„Правиме се што е потребно за да го уништиме Хамас во Газа. Ќе ја разбиеме нејзината терористичка машина, ќе ја разбиеме нејзината политичка структура. Ќе вложиме максимални напори да ги ослободиме нашите заложници. И ние ќе вложиме максимални напори да ги задржиме палестинските цивили од опасност“.

„Хамас мора да биде уништен“, нагласи Нетанјаху како клучна цел на војната и посочи дека Хезболах „горко ќе зажали ако направи грешка и земе поголемо учество во оваа војна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ослободени се обвинетите за нападот врз Пендиков,…

Основниот суд во Охрид ги ослободи Борче…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Актерот Ѓорѓи Јолевски, историчарот Стојко Стојков и…

Утре, по повод Денот на македонската револуционерна…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…