Објавено на:

Нетанјаху: Хамас нема каде да се крие, ја изгубија контролата над Газа!

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на прес-конференцијата од Тел Авив изјави дека неговата земја е целосно подготвена на својот северен фронт. Израел разменува оган со моќната либанска милитантна група Хезболах на нејзината северна граница.

Нетанјаху рече дека го предупредил Хезболах дека војувањето со Израел ќе биде фатална грешка што ќе ја одреди судбината на Либан.

„Израел нема да застане додека не ја завршиме нашата мисија. Нашата единствена цел е да победиме“, рече Нетанјаху, мислејќи на војната со Хамас.

„Хамас ја загуби контролата над Газа и сега нема каде да се крие“, изјави премиерот на Израел.

Нетанјаху рече дека продолжува да има секојдневни контакти со претседателот на САД, Џо Бајден и дека се’ уште има политичка и етичка поддршка од американската администрација.

„Многу светски лидери дојдоа да го посетат Израел за да покажат поддршка, но има малцинства кои вршат притисок врз владите. Ги повикувам владите да не подлегнуваат на овој притисок. Нашата војна е и нивна војна. Никаков меѓународен притисок, никакви лажни обвинувања нема да не’ оттргнат од нашата цел. Ако сакате мир, мора да го елиминираме Хамас“, рече Нетанјаху на конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…

Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…

Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…

Двајца израелски војници и еден Либанец загинаа…

Двајца израелски војници се убиени во Јужен…