Нетанјаху: Ќе ги научиме лекциите, но часовникот не можеме да го вратиме
Но, нагласи тој, копнената операција на ИДФ ќе продолжи, а војната ќе продолжи се додека Хамас не биде уништен.
-Ние се бориме за нашето постоење, кажа Нетанјаху, „и мораме да продолжиме до победата и покрај меѓународниот притисок и загубите што Израел ги трпи“, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Тој кажа дека жали за „трагичната смрт на нашите тројца заложници“ – Јотам Хаим, Самар Талалка, Алон Шамриз – кои по грешка беа убиени вчераутро од војниците на ИДФ.
-Тие дојдоа до спасот а потоа се случи катастрофата, додаде израелскиот премиер.
Тој јажа дека и самиот се прашувал, како што несомнено и сите Израелци се прашувале: „Што ако…“ и „Да беше само нешто поинаку…. Бевме толку блиску да ги прегрнеме“.
-Но, не можеме да го вратиме часовникот назад, додаде тој, истакнувајќи дека сите војници знаат дека „растојанието помеѓу победата и катастрофата е влакно“.
„Ќе ги научиме лекциите“, вети тој и нагласи дека Израел ќе ги задржи „воените и дипломатските напори да ги врати назад сите заложници“, пренесе „Тајмс од Израел“. /МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп врши притисок врз Apple да не…
Американскиот министер за трговија Хауард Латник ја…
Лекот „мифортик“ што поскапе за 3.450 денари,…
Лекот мифортик 360, кој пациентите со трансплантиран…
Регистрирани 27 пожари: Активни шест, еден под…
На територија на државата активни се шест…
Избувнаа уште четири пожари кај Задар
Надлежните служби соопштија дека пожарникарите во текот…
Се санира таванот во Универзитетска библиотека за…
Од вчера се санира таваницата во Националната…