Објавено на:

Нетанјаху: Ќе им возвратиме на сите кои сакаат да ни наштетат

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе возврати на сите обиди да и се наштети на земјата, во момент кога таа се подготвува за можен одговор на Иран на убиството на главниот командант на Исламската револуционерна гарда во Сирија, за што Техеран го обвини Тел Авив.

„Иран дејствува против нас со години, директно и преку полномошници. Затоа Израел дејствува против Иран и неговите застапници дефанзивно и офанзивно“, рече Нетанјаху на состанокот на кабинетот за безбедност, по телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Тајмс на Израел.

Тој додаде дека Израел ќе знае како да се одбрани и дека ќе се однесува по едноставен принцип „да им наштети на оние кои му штетат или планираат да му наштетат“.

Миожноста Иран да возврати на наводниот израелски воздушен напад во понеделникот врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск предизвика загриженост за евентуално предизвикување поширок конфликт, иако два ирански извори изјавија дека одговорот на Техеран ќе биде внимателно проценет за да се избегне ескалација.

Израелски извор изјави за Канал 12 дека Израел соодветно ќе одговори на секој ирански напад, но додаде дека изгледа дека ниту една страна не сака ескалација што може да доведе до сеопфатна војна, пренесува Тајмс оф Израел.

Иранската револуционерна гарда објави дека во понеделникот, во нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, за кој Иран го обвини Израел, командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и петмина офицери кои ги придружувале, биле убиени. Техеран вети одмазда за овој напад. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби до Силјановска: Време е да запрат…

Продолжуваат реакциите по говорот на кандидатката за…

Пендаровски: Фрчковски давал наредби на Павле Трајанов…

Жестока дебата меѓу кандидатите за претседатели Стево…

Силјановска: Ние ја прифаќаме преговарачката рамка со…

Кандидатите за претседатели Стево Пендаровски и Гордана…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Зајкова: Истите оние кои заедно сценираа конфликти…

„Истите оние што заедно сценираа конфликти и…