„Неусогласеноста меѓу изјавите и фактите на рускиот претседател Владимир Путин е добро позната“ – остра реакција на шефот на украинската дипломатија
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, исто како и претседателот Володимир Зеленски претходно, изрази недоверба за 30-часовното велигденско примирје што го објави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ДПА.
Тој на платформата Х потсети дека Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот за време на мировните преговори на почетокот на март во саудискиот град Џеда. Сибиха посочува дека Русија го отфрлила предлогот и наместо тоа поставила низа предуслови.
„30 часа наместо 30 дена“, вели Сибиха за понудата на Путин.
– Неусогласеноста меѓу изјавите и фактите на рускиот претседател Владимир Путин е добро позната. Знаеме дека на неговите зборови не може да им се верува и ќе гледаме на дела, а не на зборови. Русија може во секое време да се согласи со предлогот за целосен и безусловен 30-дневен прекин на огнот, кој е на маса од март, вели шефот на украинската дипломатија.
Сибиха ги повика украинските сојузници да бидат внимателни во врска со постапките на Москва.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска неочекувано објави 30-часовен едностран прекин на огнот на руските трупи на фронтот во Украина.
Во првата реакција за овој чекор на Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази скептицизам. Во објава на социјалните мрежи тој оцени дека станува збор за нова манипулација на Путин, но не откри дали примирјето е прифатливо за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…
Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…
Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…
Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…
Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…
Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…
Големо признание за Тамара Котевска – гран…
Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…
ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски…
Се одржа редовна седница на Извршниот комитет…