Неуспешен обид за организирање на протест, Мицкоски не доби поддршка: Жителите на Влае сакаат улица

t

Едвај триесетина луѓе се собраа на наводниот граѓански протест под мотото “Борба за Влае” кој се одржа денеска. Малкумината жители кои се собраа да протестираат изразија чудни барања, да не се гради улица во Влае, а дел од присутните како организатор на протестот го посочија токму Христијан Мицкоски кој живее на педесетина метри од улицата.

Се чини дека Мицкоски сепак не доби поддршка во неговата борба да не се гради улица пред неговата куќа, бидејќи тамошните граѓани сакаат соодветна урбанизација на просторот.

Жители на Влае кои дојдоа на протестот истакнаа дека предвидената улица е потребна за пред се тие да добијат пристап до нивните имоти и да можат да ги користат истите согласно нивните потреби.

Пред неколку денови Инфомакс објави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски узурпирал државно земјиште во општина Карпош за да си направи пристапна улица до неговиот дом, одземајќи нешто повеќе од 5 метри од дворот на Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.

Узурпираното земјиште сега се бара да се врати назад во непречено владение на училиштето „Димо Хаџи Димов“, до кое и живее Мицкоски, но наместо тоа тој организира приватен протест со кој планира да го заштити узурпираниот имот, притоа лишувајќи ги жителите на населбата Влае од нова градинка, црква и целосно нова улица која според новиот ДУП треба да биде целосно и одново изградена.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, претходно нагласи дека Мицкоски го попречува развојот и напредокот на општината и го отежнува животот на граѓаните само за да не го наруши сопствениот комодитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно: Основец тепал наставничка и нападнал соученици…

Вчера ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско…

Детали од средбата Заев-Ковачевски-Ахмети: Мицкоски останува без…

На заеднички ручек во пријателска атмосфера екс-премиерот…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

Заменикот на Блинкен го потопи Мицкоски: Од…

„Има понуда на маса. И ако сакате…