Неуспешен филмски план за бегство од затвор во Ниш: со дрон сакал да вметне пиштол кај затвореник
Полицијата во Ниш уапси маж под сомнение дека планирал спектакуларно бегство на осуденици од Казнено-поправниот дом, пишуваат српските медиуми.
Според информациите, осомничениот имал намера со дрон да вметне пиштол со муниција во затворот. Планот бил осуденик од Нови Пазар, кој издржува затворска казна во Ниш, да го преземе оружјето.
Откако би го добил пиштолот, затвореникот требало да го употреби за да го совлада и киднапира затворскиот чувар, а потоа, користејќи го како заложник, да избега од затворот.
При апсењето, кај осомничениот се пронајдени дрон, пиштол и осум куршуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…