Нехамер: Нема да има австриско вето за влез на Хрватска во Шенген зоната

t

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска, на ден пред неговата посета на Загреб, изјави дека неговата земја нема да стави вето на пристапувањето на Хрватска во Шенген зоната.

„Едвај чувствуваме мигрантски притисок од Хрватска кон север. Бидејќи Хрватска ги исполнува условите за заштита на границите на примерен начин, не гледам проблем таму. За земјите се гласа поединечно“, рече Нехамер во разговор со новинарите во Клагенфурт, а пренесува австрискиот дневен весник „Клајн Цајтунг“.

Весникот додава дека ова „на едноставен јазик значи дека заканата со вето е насочена кон Бугарија и Романија“.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер предизвика голема загриженост во Хрватска откако изјави дека е против проширување на Шенген зоната на Хрватска, Бугарија и Романија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина уништи руска воена опрема вредна 70…

Украинските сили уништиле руска воена опрема со…

Експозитурите на Алта Банка АД Битола нема…

АЛТА банка АД Битола извести дека нејзините…

Се бара притвор за 20-годишник кој удри…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Коруптивно-криминалниот систем во Србија ќе се урне…

Дејан Шошкиќ, кандидат за пратеник од Студентската…

Од „Алта банка“ во Битола повлечени околу…

Околу два милиони евра биле повлечени од…