Објавено на:

Нехамер: Одлуката да се воведе ембарго за нафта е мерка која сама по себе ќе биде болна за земјите членки

t

Ембаргото на Европската унија за руската нафта ќе биде болно за членките на Унијата, но и за Москва, смета австрискиот канцелар Карл Нехамер.

„Одлуката да се воведе ембарго за нафта е мерка која сама по себе ќе биде болна за земјите-членки“, рече Нехамер по пристигнувањето на вонредниот состанок на Европскиот совет во Брисел.

„Но, треба да бидеме реални, тоа што го трпиме не е ништо во споредба со она што треба да го поднесе украинскиот народ“, додаде тој.

Доцна синоќа лидерите на земјите-членки на ЕУ се договорија сега делумно да забранат увоз на руска нафта како дел од шестиот пакет санкции против Москва.

Руската нафта што се доставува до танкери ќе биде забранета.

Договорот ќе забрани 90 отсто од увозот на нафта од Русија до крајот на годината.

Нехамер рече дека ембаргото за гас нема да биде вклучено во овој нов пакет санкции.

„Ситуацијата со гасот е поинаква бидејќи нафтата може полесно да се компензира“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нехамер: Одлуката да се воведе ембарго за…

Ембаргото на Европската унија за руската нафта…