Нешто да се работи: Полицијата фати 18-годишна бабичка како пакува и продава дрога!
78-годишна жена во Србија е фатена со поголемо количество дрога, а полицијата ја сомничи дека ја продавала на локални зависници во Земун, пишуваат српските медиуми.
Бабичката, која воопшто не изгледала сомнително, е уапсена вчеравечер во шума кај српскиот град, каде полицијата ја следела и пронашла стандардна дилерска „опрема“: вага, „паковки“ во најлонски кесички, како и нож. Во кесичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење, за да се утврди каква дрога продавала осомничената жена.
Шумата се наоѓа во населбата Галеника во Земун, а жената со иницијали В.Н., е приведена и против неа ќе биде поднесена пријава, соопшти полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…