Нешто чудно се случува во Загреб: Експлодираа две бомби во рок од 4 часа!
Страшна детонација одекна денеска околу 17 часот и 30 минути на улицата „Анина“ во загрепско Рудеш. Причинета е материјална штета и до објектот во кој се случила експлозијата, а полицијата веднаш по пристигнувањето на местото на пријавата го опколила целиот простор.
Загрепската полиција соопшти дека на улицата „Анина“ експлодирале две рачни бомби. Првата била активирана од непознато лице околу 17 часот и 25 минути, додека втората, која била во 21 часот и 5 минути, под надзор на полициски службеник експлодирала и била уништена во контролирана експлозија, објави Јутарњи лист.
Од полицијата додаваат и дека ќе следи натамошно утврдување на околностите на настанот.
„Толку силно удри, што блесок светлина ја осветли мојата соба. Лежев во темница и гледав телевизија. Слушнав машки глас надвор како зборуваше нешто вознемирено некому на телефон, но не можев да разберам што се случува. Полицијата дојде многу брзо потоа, па не ја исклучувам можноста дека можеби тој човек повикал полиција. Прво стигна една кола, па повеќе“, изјави за Јутарњи жител на улицата „Анина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рацете на политиката подалеку од образованието, машите…
„Рацете на политиката подалеку од образованието“ –…
Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата…
Цената на електричната енергија останува едно од…
Бројот на заболени од западнонилска треска расте,…
На денешната прес конференција, министерот за здравство…
(Видео) Претседател на албански клуб расфрли вреќа…
Првиот човек на Динамо Тирана, Ардиан Барди,…
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…