Нејмар ослободен за случајот за корупција при трансферот во Барселона од Сантос

t

Нејмар е ослободен од обвиненијата за корупција поради неговиот трансфер во Барселона од Сантос. Шпанското обвинителството го ослободи напаѓачот на ПСЖ и сите други лица вклучени во зделката.

Тужбата против 30-годишниот играч, неговите родители, поранешните претседатели на Барселона, Хосеп Бартомеу и Сандро Росел, и поранешниот директор на Сантос, Одилио Родригез, ја покрена „DIS“ (инвестициска компанија од Бразил).

Тужителот побарал за Нејмар пет години затвор и 150 милиони евра отштета.

Бранителот по говорите на сите обвинети во судот изјави дека „нема ни навестување за кривично дело“. Тој побара сите обвинети да бидат ослободени.

ДИС имаше 40% од правата за трансфер на играчот, кои ги стекна во 2009 година, на почетокот на магијата на Нејмар во Сантос. Компанијата тврдеше дека не ја добила сумата што и следува од трансферот на Нејмар во Барселона од бразилскиот клуб. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…

Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…