Нејмар: Ривалите сакаат да ме скршат, но јас сум син Божји

t

Нејмар нема среќа со настапите на светските шампионати, откако најдобриот бразилски фудбалер повторно се повреди на еден мундијалски меч. Повредата на скочниот зглоб на дуелот со Србија значи дека тој ќе ги пропушти најмалку преостанатите две средби од групната фаза, а можеби и осминафиналето од СП, но асот на ПСЖ делува мотивирано да блесна кога конечно ќе се врати на терените.

Тој денеска преку објава на својот инстаграм профил испрати порака до сите ривали кои грубо стартуваат врз него на натпреварите, но и до бразилските фанови, говорејќи за гордоста додека го носи националниот дрес.

„Денеска ми е еден од најтешките моменти во кариерата, и тоа повторно на едно Светско првенство. Да, се повредив, ме нервира, ме боли, но сигурен сум дека ќе имам можност да се вратам. А тогаш ќе дадам се од себе за да и помогнам на својата земја. Гордоста и љубовта што ја чувствувам додека го носам дресот на Бразил се необјасниви со зборови. Противниците сакаат да ме скршат? Никогаш нема да успеат. Јас сум син на семоќниот Бог и мојата вера е бескрајна“, порача Нејмар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…