Не бе, не се нацисти: Искршена спомен-плочата на советската ослободителна армија во Софија
Скршена е плочата на споменикот на Советската армија во Софија, на која пишува „На советската армија, ослободител на благодарниот бугарски народ“.
Од МВР за БТА информираат дека за инцидентот е уапсен 61-годишен маж, кој со чекан ја скршил плочата. Во моментов пред споменикот има полиција која врши увид на штетите.
Инцидентот се случи еден ден пред годишнината од руската инвазија на Украина. И денес, 23 февруари, во Русија се слави како Ден на бранителот на татковината. Во текот на т.н социјалистичкиот систем на овој датум беше национален празник во СССР – Ден на советската армија и морнарица. Пред споменикот денеска беа поставени венци и цвеќиња.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Два американски воени авиони слетаа на аеродромот…
Два големи американски воени авиони биле забележани…
Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…
Во тек се подготовките за заминување на…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
„Нашата армија има потенцијал да стане една…
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави…
Предлог Дара да биде прогласена за почесен…
Претседателот на Општинскиот совет на Софија (ОСС),…
