Не бидејќи е под кривичен прогон: Ване Цветанов побегнал во Бугарија, се чувствува како Бугарин
Поранешниот функционер Ване Цветанов и сопруг на поранешната мис на Македонија, Дунавка Трифуновска, избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 илјади евра. Бегството самиот го пријави синоќа во телевизиско интервју за бугарската телевизија „Нова“, пренесува 4NEWS.mk
Ване Цветанов, како претседател на државната институција Совет за унапредување и надзор на ревизијата, ја ангажираше жена му Дунавка Трифуновска (со која има склучено само црковен брак) да му помага во работењето.
„И сега сум жртва на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси“, вели тој во интервјуто.
„Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, тврди тој.
„Ќе се вратите ли некогаш во Македонија?“, го прашува бугарскиот новинар Ване Цветанов, при што тој одговара: „Не верувам. Она што го направив е избор и нема враќање назад“, категоричен е тој.
Ване Цветанов неодамна по кривичната пријава против него даде изјава а медумите ја пренесоа дека тој сега се чувствувал како Бугарин кој се родил и живее во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…