„Не ги финансираме протестите“: Американска, британска и германска амбасада нeгираат било каква вмешаност во политичките и еколошките протecти во Србија

t

Во денешното заедничко соопштение, амбасадите на САД, Обединетото Кралство и Германија ги отфрлија наводите дека трите земји финансираат политички или еколошки протести во Србија, наведувајќи дека таквите тврдења не го одразуваат нивното партнерство со Србија.

Заедничкото соопштение од амбасадите на трите земји дојде откако синоќа премиерката Ана Брнабиќ изјави дека странски организации и фондации насобрале во Србија во изминатата година и половина за да ги финансираат еколошките организации и протестите, велејќи дека најголеми финансиери се САД, Фондацијата Рокфелер и УСАИД, Фондот за отворено општество, Националната фондација за демократија и многу други, од Вестминстер фондацијата за демократија на ОК, Британскиот совет, како и од Германија.

Амбасадите на САД, Обединетото Кралство и Германија во денешната реакција наведуваат дека трите земји се едни од најдарежливите и најсигурните партнери и пријатели на Србија од почетокот на процесот на демократска транзиција во Србија, обезбедувајќи финансиска помош во вкупна вредност од над три милијарди евра.

„Ние сме јасни и транспарентни за оваа помош и за нашите цели: поддршка за реформи, добро владеење, демократски развој, зелена транзиција и просперитет“, се вели во соопштението.

Додаваат дека значителни средства во рамките на таа помош се доделени на Владата на Србија или распределени во соработка со Владата на Србија и нејзините агенции.

Овие цели ја поддржуваат прокламираната политика на Србија за унапредување во процесот на пристапување во ЕУ, како и поддршка за помирување и стабилност во регионот на Западен Балкан, се вели во соопштението.

„Ние безрезервно ги отфрламе сите сугестии дека нашите држави, или организации преку кои обезбедуваме техничка помош и поддршка, финансираат или директни дејствија, особено против Владата на Србија или каква било политика што таа ја спроведува, што вклучува финансирање протести. Ова е штетно обвинување и особено тешко разбирливо кога станува збор за организации кои ја поддржуваа и работеа со Владата на Србија – и Собранието на Србија – на нивните реформски програми и развојот на демократските институции“, се вели во соопштението, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото)УЖАС: Таткото на малиот монструм Кецмановиќ ја…

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со…

Истражување: Србите имаат 50% словенска генетика, останатото…

Денешните Срби имаат околу 50-60 отсто словенско…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

(Видео) Знаевте ли дека Лорд Волдеморт е…

Александар Вучиќ на својот профил на ТикТок…