Не гледај што правам, слушај што зборувам: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против чистење на депонии, разубавување на кејот на Вардар и затворање на жичарата на Водно

t

Со жалење можеме да констатираме дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поради тесно партиски и лични интереси решија да делуваат на штета на граѓаните на градот Скопје, велар од Градот, од каде потенцираат дека иако во јавноста велат дека ја поддржуваат, тие всушност работат во директна спротивност со програмата “За Модерно Скопје”.

– “На денешната седница на Советот на градот Скопје, советниците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за изменување на Програмата за одржување на коритото на реката Вардар,нејзините притоки,отворените канали и расчистување на дивите депонии на подрачјето на град Скопје за 2022 година.

Со ова тие го стопираа расчистувањето и разубавувањето на кејот на реката Вардар како и сите нејзини притоки, но и проектот за расчистување на дивите депонии во градот Скопје.

Истите советници, гласаа и за ставање вон-функција на Жичницата на Водно, со тоа што гласаа негативно на предлогот ЈСП да може да генерира дополнителен приход преку издавање на рекламен простор на жичницата. Со ова, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, го ставија во директна опасност рентабилното функционирање на ЈСП и жичницата.

За жал, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција гласаа дискриминаторски по точката за носење на годишните програми на средните училишта, селектирајќи го нивното гласање позитивно само во училиштата каде што раководен кадар се лица кои на ним им одговараат.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш се покажа пред граѓаните. Иако во јавноста постојано повторуваа дека ја поддржуваат програмата „За Модерно Скопје“, токму тие работат во директна спротивност на истата”, велат од Градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…