НЕ ДОПИРАЈТЕ ГРАНАТА, АКО НАЈДЕТЕ! Се загрева бројот за итни повици

t

Три пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие, како и пријава за пронајдена граната во нива крај стариот пат Градско-Неготино, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Депонија горела во општина Центар кај месноста „Автополигон“ под Кале. Ниска вегетација горела кај селото Горно Оризари во општина Битола. Додека пак, сено горело во регионот на село Пеширово, општина Свети Николе – појаснуваат од ЦУК, додавајќи дека сите пожари се изгаснати.

Попладнето вчера на бројот 112 била добиена пријава за пронајдена граната.
Таа била на 50 метри зад фирмата „Гулф БС“, крај стариот пат Градско кон Неготино. Повикувачот ја пронашол во негова нива. По вчерашната координација на ЦУК со субјектите од Системот за управување со кризи, веднаш на лице место отишле инспектор и кримтехничар од ПС Кавадарци со цел да ја обезбедат. Неексплодираното убојно средство безбедно ќе се отстрани во текот на денов – истакнуваат од ЦУК.

Оттаму препорачуваат во вакви случаи, граѓаните да не фаќаат и да не поместуваат, туку да пријават на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во Центарот.
Вкупно 1.377 повици на 112 се регистрирани изминатите 24 часа.

– Од нив, „реални“ се 62,16 проценти, а 37,84 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,89 проценти, кон Итната медицинска помош 38,67 отсто, а кон пожарникарите 3,11 проценти, од реалните повици – велат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Интелигентните камери навреме алармирале за пожарот…

Интелигентните камери на Центарот за управување со…

Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани,…

Изутринава во земјава има пет активни пожари…

Ангелов: Одбранети неколку манастири, сѐ уште активен…

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…

Во овој момент активен е пожарот, кој…

Регистрирани 27 пожари: Активни шест, еден под…

На територија на државата активни се шест…