НЕ Е НА АРНО! Продолжува репресијата врз Македонците во Пиринска Македонија – Закани за насилно апсење!

t

НЕ Е НА АРНО, продолжува дискриминацијата и репресијата врз етничките Македонци во Пиринска Македонија, пишува на Фејсбук Атанас Кирјаков.


– Продолжува дискриминацијата и протерувањето на етничките Македонци во Пиринска Македонија.
Јавна тајна е дека етничките Македонци во Пиринска Македонија се предмет на репресија и дискриминација, и тоа не е од вчера. Во времето на Тодор Живков, етничките Македонци и Македонките, само затоа што не се откажале од својата македонска националност, биле малтретирани во најразлични начини – им се заканувале, биле следени, прислушувани, отпуштени од работа, исклучени од училиште и факултет, регрутирани во милиција, испрашувани, тепани, интернирани во далечните делови на Бугарија, затворани во логори и затвори, убиени…

По 1989 г. односот на бугарските власти кон етничките Македонци во Пиринска Македонија воопшто не е променет Етничките Македонци во Бугарија немаат никакви човекови права.

Сите обиди за регистрација на Културни здруженија на етничките Македонци во Бугарија се категорично одбиени од бугарскиот суд на образложение дека во Бугарија нема македонско малцинство. Мотото на Тодор Живков од 1963 година, дека во Бугарија нема Македонци, никогаш немало и нема да има, важи и денес.

Последнава година тензијата меѓу двете земји, Република Бугарија и Република Македонија е многу висока. Од една страна, со отворањето на бугарските клубови во Охрид и Битола, како и со отворањето на Македонскиот клуб во Благоевград. Искрите летаат од двете страни на границата Луѓето страдаат.Тензијата во Благоевград ја чувствуваме и ние Македонците од ОМО ,,Илинден,,,.

На 14.10.2022, петок, добив телефонски повик од Давид Кавраков инспектор во полиција Благоевград. Да се ​​пријавам на 17.10.2022 година во 9.30 часот наутро, прашав што ме бараат, но не ми беше даден одговор. Денеска 17.10.2022 година во 10.00 часот утрово повторно телефонски се јавив од инспекторот Кавраков, на кој му одговорив дека нема да одам без покана, ми се закануваа дека ќе ме одведат насилно во полиција со лисици и полицаец и ќе се примени врз мене целата законска сила.

Не е на арно. На 30.10.2022 година отварање на Македонскиот клуб во Благоевград. Вчера, 16 октомври 2022 година, во градот Кресна беше одбележана 144-годишнината од Македонското Кресненско востание, напиша на Фејсбук Атанас Кирјаков – Претседател на Градскиот комитет на ОМО,, Илинден,, – Благоевград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски: ЕУ да најде начин како…

Претпоследно прашање пред влез во ЕУ ќе…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Македонија и Бугарија имаат најмали цени на…

Сезоната на пролетните одмори е пред нас…