„Не е прашање како дрогата излегла од Македонија, туку како влегла во Србија“, вели Тошковски
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, синоќа даде појаснување околу случајот со петте тони марихуана запленети во Србија, нагласувајќи дека фокусот на истрагата не е на излезот од Македонија, туку на тоа како дрогата влегла на територијата на соседната држава.
„Согласно договорот ‘One Stop Shop’ со Србија, секоја страна ја контролира својата надлежност: Македонските полициски службеници го штитат влезот во Македонија, додека српските го контролираат влезот во Србија. Значи, не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Ова е во надлежност на МВР, додека надлежноста на другите институции ќе ја утврдиме во текот на истрагата“, изјави Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ21.
Министерот потенцираше дека соработката со српските власти е во рамки на договорот и дека континуирано се водат заеднички активности за утврдување на целокупниот пат на дрогата и идентификување на сите лица и структури поврзани со нелегалниот промет.
Тошковски додаде дека МВР продолжува со засилени контроли и активности на граничните премини со цел спречување на слични случаи во иднина и обезбедување на континуирана безбедност на државната територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Комо забрани возење велосипеди низ…
Градоначалникот на Комо, Алесандро Рапинезе донесе одлука…
Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека…
ЕУ е подготвена да ја поддржи Украина…
Европската комисија порача дека одлуката за тоа…
Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека…
(Видео) Русија масовно го нападна Киев, најмалку…
Бројот на жртви од масовниот руски напад…