Не е тајна дека ги штитиме интересите на Косово, вели Рама
Не е тајна дека ги штитиме интересите на Косово, а преку берлинскиот процес сакаме да постигнеме слобода на движење, така што движењето да биде само со помош на лична карта, изјави албанскиот премиер Един Рама во Сараево, по средбата со претседателката на Министерскиот совет на БиХ, Борјана Кристо.
Тој рече дека дошол во Сараево за да ја информира претседавачката на Советот на министри за берлинскиот процес што треба да се одржи во Тирана во октомври годинава.
-Се надевам дека БиХ ќе потпише таков договор по примерот на Србија. Во октомври во Тирана треба да се заземе заеднички став за сите прашања кои не засегаат сите заедно – рече Рама.
Премиерот на Албанија претходно ги посети Скопје и Приштина, а по Сараево ќе замине за Подгорица и Белград. Балканската турнеја на Рама има за цел да ги информира земјите од регионот за подготовките што ги прави Албанија како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Албанија: Земјотрес со јачина од 4,3 степени…
Земјотрес со магнитуда од 4,3 степени според Европско-медитеранскиот сеизмолошки…
Албанија и понатаму заостанува далеку зад ЕУ…
Албанија продолжува да заостанува далеку зад Европската…
Албанија: Потонат брод од Втората светска војна…
Италијанскиот болнички брод „Po“ од Втората светска…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…