Не е точно дека Мицкоски бил претставен дека доаѓа од Македонија на ЕПП, го најавија со уставното име Северна Македонија
Одредени портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја искриват вистината и со лажна вест и монтирано видео да прикажат дека при најавата на Христијан Мицкоски на конгресот на Европската народна партија (ЕПП) било искористено само името Македонија, сепак официјалното видео од преносот на конгресот покажува дека тој е најавен со уставното име на земјата – Северна Македонија.
Монтираното видео се појави на неколку портали кои шират пропаганда за опозициската партија, а веројатно со цел да донесат некој поен плус пред престојните парламентарни и претседателски избори.
Од официјалното видео на конгресот на ЕПП и од преносот во живо може да се види дека најавувачката го кажа целосното име на државата, Северна Македонија, но проблем имаше со презимето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој наместо Мицкоски беше претставен како Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан…
Почитувани пријатели, голем број од вас знаат…
МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…
Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…
Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…
Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…