Не застанале на знак од полицијата и исфрлиле марихуана – уапсени четири лица од Кавадарци
Уапсени четворица кавадарчани кои избегале на сообраќајната полиција, а притоа исфрлиле дрога од возилото со кое патувале.
На 04.10.2023 во 20.45 часот на влез во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Д.А.(36), М.А.(33), А.Ј.(33) и Д.Б.(25), сите од Кавадарци. На патот од с.Марена кон Кавадарци, полициски службеници дале знак за запирање на возило „опел астра“ без регистарки ознаки, кое го управувал Д.А., а останатите лица биле сопатници. Возилото не застанало и во движење од возилото била исфрлена марихуана, која била пронајдена и одземена. Набргу, на влезот од Кавадарци, возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…