Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата: Човек на Мицкоски уапсен додека шмркал кокаин
Истакнат член на партијата и близок човек до Христијан Мицкоски е фатен со дрога.
На 9-ти декември 2023 година, во 02:55 часот, во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведено е 33-годишно лице од охридското село Пештани со иницијали А.Т.
– Тој е затекнат при употреба на кокаин, а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Лицето има голем број фотографии со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Се работи за познат активист на ВМРО-ДПМНЕ од Пештани.

Лицето има и фотографии со градоналникот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Кирил Пецаков, a инаку е претседателна месниот комитет на ДПМНЕ во Пештани.

За да биде уште позастрашувачка суштината на настанот, истиот тој работи како просветен работник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Митровденска задушница – спомен за починатите
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…