Не знам што сме им згрешиле на Бугарите, кажа Вучиќ откако осум држави не ѝ дозволија на србија да отвори нов кластер од преговорите со ЕУ
Не знам што сме им згрешиле на Бугарите, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ на вчерашната одлука на осум држави да не ѝ дозволат на Србија да го отвори третиот кластер од преговорите со Европската Унија.
Покрај Бугарија, меѓу нив биле и Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска, Холандија и Хрватска.
„Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да му кажам и објаснам. Мислам дека разбирам кои се вистинските причини, но знам дека нема да ги слушнете. За Хрватите сѐ ми е јасно, тука немам проблем да сфатам“, кажа Вучиќ.
Тој најави дека Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ за следната недела ќе закаже нов состанок, зашто меѓувладина конференција треба да се одржи меѓу 16 и 20 декември.
„Им благодарам ако го отворат третиот кластер, им благодарам и ако не го отворат. Важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив. Ние ќе се потрудиме следната година да бидеме најбрзо растечката економија во Европа“, рече Вучиќ.
Српските медиуми вчера објавија дека не бил постигнат консензус за оваа тема и на третиот состанок на амбасадорите на членките на ЕУ. Како главни причини биле наведени неусогласеноста на Србија со надворешната политика на ЕУ и санкциите за Русија, нејасното геополитичко определување на Србија и проблеми во владеењето на правото и во односите со Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…
Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…
ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…
Иран упати сериозни закани за ракетни напади…