Не ми следува покачување на платата, ќе бидам во оставка, вели премиерот
На новинарско прашање каков е неговиот коментар, бидејќи од јануари и него, како на функционер, ќе му следува покачување на платата за уште 400 евра, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека него нема да му се покачи платата од јануари бидејќи ќе биде во оставка. Тој не знае што прави работната група која требаше да изготви законско решение за намалување на функционерските плати откако тие во март лани беа покачени за 78 отсто.
Дали ќе се чека нов парламентарен состав и нова Влада за да евентуално се намалат функционерските плати кои беа покачени за дури 78 отсто и каков е коментарот за новото покачување од 400 евра со јануари кое и нему ќе му следува, а на што предупреди Синдикатотот на јавната администрација, премиерот Ковачевски одговори:
„Мене нема да ми следува бидејќи јас на 28 јануари ќе поднесам оставка, согласно одлуката за настапување на техничка влада. А во однос на избрани и именувани функцционери, градоначалници, судии, пратеници, обвинители, директори, 21 министер, за тоа има работна група која својот заклучок треба да го достави до Собранието и тоа да го даде последниот збор“, рече Ковачевски.
На новинарско прашање – констатација дека работната група работи на решение за функционерските плати безмалку една година и зошто толку се чека, премиерот одговори:
„Работната група треба да каже“.
„Премиере, не ја прашавте работната група?’, беше следното потпрашање.
„Ја прашав, велат дека работат“, одговори премиеорт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…
Муцунски: Дијалогот што го водиме со Софија…
Дијалогот што во моментов се води околу…
ГОЛЕМ САЈБЕРНАПАД ВРЗ ФРАНЦУСКА БАНКА: Исчезнале 100…
Француската банкарска групација „Креди Мутуел Аркеа“ (Crédit…
Мицкоски: Да не правеше СДСМ егзибиции уставните…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува следната година Македонија…