Не можат да се помират со тоа што Роналдо беше на клупата..
Тоа што Кристијано Роналдо го мисли, а сака да го пласира како порака до своите „непријатели“ и јавноста, секогаш го кажувал преку трети лица. Порано тоа беше неговата сестра, а сега веќе е неговата сопруга Георгина.
Роналдо не го стартуваше синоќешниот натпревар на Португалија против Швајцарија во кој Португалците убедливо славеа со 6-1, па револтот веднаш по мечот го искажа Георгина која со порака на Инстаграм го нападна португалскиот селектор Фернандо Сантош.
„Честитки за Португалија, 11 фудбалери гордо ја пееја химната и одеа кон зацртаната цел. Срамно е што немавме можност да уживаме во играта на најдобриот фудбалер на светот во сите 90 минути. Навивачите не престанаа да го извикуваат неговото име барајќи го да влезе на терен. Се надевам дека Бог и твојот драг пријател Фернандо ќе овозможат да уживаме во твоите мајстории барем уште една вечер“ – напиша Георгина на својот Инстаграм профил.
Роналдо синоќа одигра само 20 минути за Португалија откако победникот веќе беше решен. Не успеа да се запише во листата на стрелци и да дојде пред Еузебио на вечната листа на најдобрите португалски стрелци на светските првенства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…