Не можеме да го вакцинираме целиот свет на секои шест месеци, пpeдупредува британски професор
Проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за Телеграф апелираше дека не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо.
Според Поланд, за четвртата доза од вакцината треба да се почека додека не се појават повеќе докази и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст.
„Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори”, рече британскиот експерт.
Неговата изјава е во момент кога Владата ги финализира плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во критичните професии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Грција ќе се ексхумираат 150 гробови…
Пет години по погребите, распаѓањето на телата…
Истрага во Британија: 23.000 луѓе умреле од…
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон имал лош…
Детектирана е нова варијанта на Ковид-19 во…
Нова варијанта на коронавирусот моментално циркулира во…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…