Не може во шестиот брат да се однесуваме како во првиот – Се менува пристапот на

t

Европа полека ја менува стратегијата кон ковид-19 и планира да почне да го третира вирусот како нешто со што ќе се живее.

Велика Британија вчера објави дека на 26 јануари ќе ги укине сите рестрикции воведени по појавата на сојот омикрон, со што, како што кажаа од владата, ќе стане најотворената држава во Европа, а слични чекори најавуваат и Шпанија и Португалија, каде што следното ширење на вирусот веќе не би се водело како вонредна ситуација.

Од следната недела, во Британија веќе нема да мора да се носи маска во јавен превоз, училишта и продавници, ќе се укине препораката за работа од дома, како и ковид сертификатите. Ова следува откако премиерот Џонсон заклучи дека последниот бран го достигнал врвот на национално ниво и бројот на заразени и хоспитализирани е во пад. Петдневната изолација за заразените останува, но и тоа можеби ќе се укине во наредните недели.

Шпанија планира да се префрли од кризен во контролен режим, справувајќи се со коронавирусот како со грип или сипаници. Тоа значи прифаќање дека вирусот и натаму ќе се шири и обезбедување дополнителна грижа за ризичните категории. Според шпанскиот премиер Санчес, овие промени нема да се случат пред да помине врвот на омикрон, но властите и експертите треба уште сега да почнат да го обликуваат постпандемискиот свет.

„Ковид-19 мора да се третира како и останатите болести. Јавноста исто така треба да биде свесна дека од ковид-19 и натаму ќе се умира, но при шестиот бран не можеме да се однесуваме како при првиот“, вели шефот на Шпанското здружение за семејство и општествена медицина, Салвадор Тренче.

Во Португалија, која ја има една од највисоките стапки на вакцинирање во Европа, претседателот Де Соуса за Нова година објави дека земјата ќе влезе во ендемиска фаза, иако бројот на новозаразени сè уште е доста голем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…