Објавено на:

Не може да го издржи товарот: Правнуката на Тито го менува презимето

t

Правнуката на Јосип Броз Тито, Сара, која е ќерка на негвата внука, режисерката Саша Броз и актерот Ранко Зидариќ, решила да го промени своето презиме, бидејќи не сакала да го помине животот носејќи го товарот од познато презиме.
Таа се одлучила да го носи презимето на нејзината прабаба, Херта Хаас, која беше во брак со Тито и го добија синот Мишо Броз, таткото на Саша.

-Јас и мојот сопруг знаеме што значи товар од семејно презиме. Неговиот татко исто така беше популарен актер, јас сум внука на Тито… Ја поддржавме Сара кога се одлучи да го земе презимето на мојата баба, бидејќи почувствувавме дека тоа и дојде природно, и секако дека има смисол – за хрватските медиуми појасни мајката на Сара, режисерката Броз.

Таа додаде дека во своите 53 години секогаш била горда на презимето Броз и со гордост го носела.

-Во театарот презимето ништо не значи. Важен е печатот кој ќе го оставиш со својата работа, и тоа нема врска со генетиката – раскажа внуката на Тито.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тито раскажува за времето кога бил…

Старо интервју на Тито каде раскажува за…

Ова е синот на Тито, денес има…

Александар Миша Броз, најмладиот син на поранешниот…

(Видео) Југославија беше држава со вредности, видете…

Зошто ни се враќа југоносталгијата? Затоа што…

Не може да го издржи товарот: Правнуката…

Правнуката на Јосип Броз Тито, Сара, која…