Не може да се замрзнуваат само крајните цени, а платите и суровините да останат исти

t

Претседателот на Агробизнис-комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, за „Нова Македонија“ укажува на нелогичноста на мерката за замрзнување на цените на готови продукти, со оглед на фактот дека цените на суровините, или на влезните материјали постојано растат.

– Доколку ги замрзнете суровинските цени, енергијата и платата на вработените, тогаш може да ги замрзнете и крајните цени, секој друг пристап претставува закана за опстојување на бизнисите. Економските правила велат дека цената на секој краен производ се формира врз основа на цените на сите суровини, енергенти и цената на работната сила, односно врз основа на цените на сите инпути што влегуваат во производството. Единствено што може да се ограничи, без да се доведе во прашање одржливоста на производството на одреден производ, се маржите. Кога е лебот во прашање, факт е дека цените на влезните инпути се во постојан пораст – укажува Ѓорѓевски.

Првиот човек на Агробизнис-комората вели дека нивните активности ќе бидат насочени кон креирање подобро деловно окружување за агросекторот и посочува дека треба да се обезбедат однапред планирано производство и сигурна продажба.

– Иако работиме во пазарно стопанство, сепак треба да се преземат мерки што ќе овозможат ниеден земјоделски производ да не остане неоткупен, или откупен по нелогично ниска цена. Исто така е важно да се направи окрупнување на земјишните парцели, зголемување на приносите, партнерска соработка и зголемување на конкурентноста на земјоделските производи. Потребно е да се изработи и педолошка карта што ќе биде достапна за сите земјоделци низ цела држава. За поголема конкурентност на производите, потребно е стручно надгледување на употребата на пестициди, со цел придвижување кон стандардите на Европската Унија и поголем фокус кон органско производство.

За земјоделците е потребно да се обезбедат и помош и стручни совети за купување земјоделска механизација и друга техничка опрема. За да се постигне максимален процент на искористеност, потребно е поедноставување на постапките за ИПАРД-апликациите. Неопходни се и даночни олеснувања за нафта, семенски материјал и за земјоделска механизација, како и субвенции по килограм произведен производ – појаснува Ѓорѓиевски за Нова Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…